Психолозите потврдуваат: Овие лоши навики ги имаат само интелигентните луѓе

697

Некои навики, поради кои најчесто сте критикувани, всушност може да бидат показател дека сте натпросечно интелигентни.

Според мислењето на психолозите овие неколку навики се знак на натпросечен интелект и остроумност.

Неред

Нередот најчесто се поврзува со неорганизираност, што резултира со намалена продуктивност. Сепак, откриено е дека луѓето чиј животен простор е неуреден се поинтелигентни и имаат поголем коефициент на интелигенција. И навистина, кога вашиот ум се занимава со големи работи, грижата за уредноста е на дното на вашата листа на приоритети. Во некои случаи, неуредната соба може да значи дека сте многу креативна личност.

Будење доцна

Кога останувате будни до доцна и морате да станете рано бидејќи одите на работа, веројатно секогаш сте уморни и затоа луѓето ве доживуваат како мрзелив човек. Имено, станува збор за тоа дека вашиот деноноќен ритам работи поинаку отколку со другите луѓе. Она што е интересно е дека научниците пронашле врска помеѓу деноноќниот ритам на луѓето и нивните нивоа на интелигенција. Студијата објавена во списанието Psychology Today покажа дека луѓето кои остануваат будни до доцна и се будат доцна наутро имаат поголем коефициент на интелигенција.

Пцуење

Пцуењето отсекогаш имало лоша репутација. Луѓето кои пцујат често се доживуваат како вулгарни и груби. Меѓутоа, студијата спроведена на колеџот Марист во Њујорк го покажа спротивното – луѓето кои често пцујат се поинтелигентни, имаат побогат речник и подобри реторички вештини. Покрај тоа, тие се поискрени бидејќи пцуењето е поврзано со искрени емоции. Тоа значи дека луѓето кои почесто пцујат ќе го покажат своето вистинско лице и ќе искажат искрени чувства.