Раководството на ПСЖ ја разгледува и опцијата според која ќе биде ставен крај на соработката со шефот на стручниот штаб, Томас Тухел. Конкретно, клубот не е задоволен од фактот дека стручњакот прави малку за да го искористи напаѓачот Мауро Икарди, на кого се потрошени 50 милиони евра.
Според „АС“ раководството смета дека Аргентинецот би му помогнал на тимот да избегне пораз во финалето на Лигата на шампиони, но тој го помина целиот натпревар на клупата за резерви. Тухел подолго време не ужива голема доверба од сопствениците на клубовите. Но, од друга страна, веќе започна новата сезона во Лига 1. Ваквите драстични промени можат негативно да влијаат на тимот.