ПСЖ се спаси од пораз, Барса со една нога на Ф4

26

Ракометарите на Кил пропуштија голема можност да победат на гостувањето кај ПСЖ во првиот четвртфинален натпревар од Лигата на шампионите. „Зебрите“ иако имаа предност од во текот на целиот натпревар, на крај ремизираа против „светците“ (30:30).

Бундеслигашот започна подобро и стигна до почетни 5:1. Следуваше одговор на домашните ракометари, кои се вратија во игра во завршницата од првиот дел.  Меѓутоа „зебрите“  одново врзаа неколку гола во низа, па заминаа на пауза со предност од два гола (16:14). Вториот дел беше отворен со три гола за гостите. Меѓутоа парижани не се откажаа така лесно од можноста да стекнат поволен резултат пред реваншот. На три минути до крајот натпреварот одново се врати во егал, па победата висеше до самиот крај. Конку погоди за домаќинот во завршната минута и го постави конечниот резултат, кој секако повеќе го задоволува тимот од Германија.

-Кил играше одлично на овој натпревар, тие сигурно можам да кажам дека беа пдоври од нас. Сандер Сагосен ни направи многу проблеми. На нас ни преостаува што побрзо да заборавиме што се случи на овој меч и да се подготвиме за реваншот на гостински терен, изјави тренерот на ПСЖ, Раул Гонзалез.

Ремили со осум и Сипжак со седум гола се истакнаа кај ПСЖ, а во редовите на Кил најефикасен беше Сагосен со шест гола.

Барселона се избори за голема победа на гости кај Флензбург со 33:29 во првиот четвртфинален дуел и со една нога се пред ново учество на завршницата во Лигата на шампионите во Келн

Бенали со осум и Дика Мем со шест погодоци беа предводници на Барса, додека за домашниот тим прв стрелец беше Јакобсен со девет гола.