ПСЖ го понудил Нејмар на Сити, Гвардиола одбил

22

Францускиот фудбалски шампион ПСЖ го понудил на англискиот првак бразилскиот напаѓач Нејмар, но тренерот на премиерлигашот Пеп Гвардиола го одбил потенцијалниот трансфер, објавија француските медиуми.

Според весникот „Паризиен“, планот на ПСЖ вклучувал дел од договорот да биде и португалскиот репрезентативец Бернанрдо Силва, кој би се преселил од Манчестер во Париз, но Гвардиола воопшто не сакал да разговара за таквата опција.

Гвардиола наводно смета дека евентуалниот трансфер на Нејмар би ја нарушил атмосферата и хармонијата во редовите на Манчестер сити.

Англискиот првак ова лето в еќе се засили со Ерлинг Халанд и Хулијан Алварез.