ПСЖ го откри летниот приоритет

67

Францускиот интернационалец од редовите на лондонскиот премиерлигаш Челзи, Н’Голо Канте, важи за најголема желба на раководните лица на ПСЖ.

Старо-новиот шампион на Франција планира да ангажира неколку квалитетни засилувања за време на летниот преоден рок, а предводникот на “светците”, Томас Тухел, на неколку пати повтори дека има потреба од неколку нови лица во средниот ред.

Челниците на ПСЖ се убедени дека Канте е тоа што е потребно за да најпосле биде освоен и пехарот во Лигата на шампиони и поради тоа се подготвени да одвојат околу 100 мил. евра за неговото обештетување.