Професорката Тања Каракамишева повикана во полиција

142

Професорката Тања Каракамишева денес била повикана на информативен разговор во полициска станица, бидејќи била пријавена за ширење говор на омраза.

Дека била на информативен разговор во полиција Каракамишева потврди на својот фејсбук профил на кој што напиша “Само што излегов од полициска станица”

Поканата да оди во полициска станица на разговор таа ја пртолкува како политички прогон.

„Вчера тројца полицајци ги вознемирија моите малолетни деца носејќи ми покана дома да се јавам во станица “под сомнение дека сум сторила кривично дело од чл.394-г од КЗ, Ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем”.

Каракамишева како што стои во нејзиниот статус била повикана по пријава од од Хелсиншки комитет по чл. 319 од КЗ “Предизвикување омраза, раздор или нетрпеливост врз национална, расна, верска и друга дискриминаторна основа.” Фејсбук статусот за кој сум под сомнение се однесува за мигрантите.И јасно е се!! Политичкиот прогон го пуштаат на максимум. Хелсиншки, дежурни бранители на власта, ќе се видиме пред лицето на правдата! Вие ќе се срамите од своите постапки, јас ќе останам на страната на вистината и правото! Нема да ме замолчите! Нема да ме заплашите! Борбата почна, нема враќање!“, напиша Каракамишева.