Протест против аерозагадувањето во Скопје

35

Пред Собранието на Македонија денеска протест одржа иницијативата „Канцерогено општество“ со порака до властите да излезат со официјална стратегија и преземат конкретни мерки за почист воздух.

На овој трет по ред протест активистите како главен загадувач во државата ја посочија индустријата и побараа од надлежните сите жешки еколошки точки, како РЕК Битола и Дрисла да ги решат за една година.

Присутните на протестот од пред Собранието повикаа и на зголемување на еколошката свест на граѓаните и на поголема мобилизација.

За време на протестот два часа беше блокиран сообраќајот пред Собранието.