Протест пред Владата против францускиот предлог за решавање на спорот со Бугарија/ВИДЕО

90
Фото: ТВ Телма

Група граѓани вечерва се собраа пред Владата, на протест против францускиот предлог за решавање на спорот со Бугарија и почнување преговори на земјава за членство во ЕУ. Тие велат дека власта не смее да го прифати предлогот на Франција за кревање на бугарското вето.

Не прифаќаме ништо без чиста формулација за македонскиот јазик и заштита на идентитетот, вели премиерот Димитар Ковачевски.

Фото: ТВ Телма

Претходно денеска на социјалните мрежи, Александра Теменугова, од Институтот за комуникациски студии (ИКС), повика на мирен протест против францускиот предлог за решавање на спорот со Бугарија и кревање на ветото.