ПРОТЕСТ, ПЕТИЦИИ, ПРЕГОВОРИ – РЕЗУЛТАТ: НЕМА ПРИЕМЕН ИСПИТ!

96

 

Годинава најголема навалица за упис во средно имаше во гимназијата „Орце Николов“. Министерството за образование утрово закачи соопштение на вратите на гимназијата во кое ги информира учениците дека квалификациониот тест за упис на ученици од прва година е закажан за утре во 10 часот. Само два часа подоцна целата приказна беше сменета- Во гимназијата „Орце Николов“ во Скопје ќе нема приемен испит, т.е. квалификациско тестирање за селекција поради надминат број кандидати за упис во прва година!

Сите полуматуранти со 5.0 успех во основно образование кои конкурираа на првото јунско пријавување ќе бидат примени во гимназијата и распределени во деветте паралелки колку што се планирани со Конкурсот за 2019/2020. Договорот е постигнат на средба во Министерството за образование и наука помеѓу надлежните претставници и претставници на родителите. Претходно родители протестираа пред Владата и пред МОН и собираа потписи против приемен испит и бараа да се оформи дополнителна паралелка.

Слободни места во „Орце Николов“ има за 285 ученици, а на уписот се пријавиле 400, од кои 330 со успех 5.0.