На протестите во САД поради убистото на афроамериканецот Џорџ Флојд синоќа од полицијата беа задржа повеќе десетици лица, а имаше напади и на новинари.
Во Њујорк беа задржани 15 лица, на повеќе локации пак беа апсени новинари, камермани и фотографи кои известуваат од местато на настанот. Вчера беше задржан Афроамерикански новинар на националната ТВ мрежа Си-ен-ен, но и на некои локални медиуми.
Во Минеаполис пак, синоќа новинарката од Нашвил, Тенеси, Линда Тирадо, го изгуби видот на едното око погодена од гумени куршуми од страна на полицијата, која употреби и солзавец за растерување на толпите.
Новинар на Лос Анџелес Тајмс се пожали дека бил погоден со солзавец и гумени куршуми. Иако новинарите се јасно одбележани како припадници на прес служба, тие биле намерно гаѓани со солзавец и на протестте во Лафајет, Кентаки.
Според Гардијан, на протестите в петок и сабота во САД имало повеќе од 30 инциденти со медиумски работици.
Јавниот обвинител на САД, Вилијам Бар, денеска пак изјави дека „непознати агитатори и радикали“ проникнале во протестните акции по американските градови.
-Групи од непознати радикали и агитатори ја користат ситуацијата во свои сопствени интереси поврзани со наслиство. Поминување на границите на сојузните држави и употреба на федерални објекти за подбуцнување насилни немири или учество во нив е федерален криминал, и ние ќе ги примениме законите, изјави јавниот обвинителна САД.
Извор:МИА