Просечната плата во Македонија со поголем раст од таа на Хрватска, БИХ и Црна Гора

237

Иако панемијата на коронавирусот влијаеше на падот на обемот на деловните активности во голем број сектори во екс-ЈУ регионот, нивото на просечните плати во 2020 година во сите земји се зголеми, се вели во анализата на Анадолија.

Просечната плата најмногу се зголеми во Словенија, за 59,35 евра (показатели октомври 2020 година – октомври 2019 година), следена од Србија со 44,19, Северна Македонија со 36,31, Хрватска со 18,41, Босна и Херцеговина за 14,26, и најмалку, осум евра во Црна Гора.

Дури и пред зголемувањето, просечната плата беше највисока во Словенија, следена од Хрватска и Црна Гора.

Србија ја надмина Босна и Херцеговина со својата просечна плата годинава, а Северна Македонија, иако забележа едно од најзначајните зголемувања кога станува збор за просечната плата оваа година, сепак е најниска во регионот.

Така, сега просечната плата во Словенија е 1.181,35 (податоци за октомври 2020 година), Хрватска 890,41, Црна Гора 525 (податоци за ноември 2020 година), Србија 512,19, Босна и Херцеговина 490,76 и Северна Македонија 454 , 31 евро.