Просечната нето плата во Србија 550 евра

66

Просечната нето-плата по вработен во Србија во август 2021 година изнесувала 64.639 динари(550 евра) и е номинално повисока за 10,5 отсто, а реално повисока за 5,9 отсто во однос на истиот месец лани, објави Републичкиот завод за статистика на Србија.

Августската бруто-плата по вработен изнесувала 89.202 динари, што е номинално за 10,3 отсто повеќе и реално 5,8 отсто повеќе од август 2020 година.

Медијалната нето плата во август изнесувала 49.933 динари(425 евра), што значи дека 50 отсто од вработените оствариле заработка до наведената сума.