Просечната каматна стапка на вкупните кредити во април бележи намалување

27

Продолжува трендот на намалување на просечната каматна стапка на вкупните кредити. Народната банка денеска објави дека во април е забележано намалување и оти просечната каматна стапка на вкупните кредити изнесува 4,58 проценти.

Кај вкупните депозити, забележан е минимален месечен раст. Просечната каматна стапка во април изнесува 0,90 проценти.  

Во соопштението што денеска го објави Централната банка се наведува дека кај новоодобрените кредити, просечната каматна стапка е повисока за 0,15 проценти поени на месечно ниво и оти изнесува 4,09 проценти, а кај новопримените депозити изнесува 0,62 проценти и има месечен пад од 0,14 процентни поени.