Пронајдено телото на Емилијано Сала

83

Приватни истражувачи вчера успеаја да ги лоцираат остатоците од исчезнатиот авион во кој, според сите информации, трагично настрадал Емилијано Сала, а неколку часа подоцна потврдија дека го пронашле и телото на фудбалерот.

  • Не можам да верувам. Ова е кошмар. Очаен сум, изјави неговиот татко Хорацио Сала, откако дознал дека се пронајдени остатоци од авионот на неговиот син на дното на Ла Манш.

Сала беше на авионот кој исчезна од радарот на 21 јануари во Англискиот канал. Со него беше пилотот Дејв Иботсон. Сала патуваше до Кардиф за да го реализира рекордниот трансфер од 17 мил. фунти.

Истрагата за исчезнатиот авион беше суспендирана по три дена, бидејќи спасувачите не нашле докази дека Сала и пилотот се живи, односно дека шансите да преживеат се рамни на нула.

Оваа вест обедини голем број на фудбалери. Меѓу нив беа Лео Меси, Гонзало Игуаин, Н’Голо Канте, Килијан Мбапе, кои испратија пораки за поддршка на семејството и апелираа до службите за спасување да продолжат со потрагата. Многу спортисти помогнаа финансиски за да продолжи потрагата и на крајот успеаја во нивната акција да се дознае вистината.