Пронајдено телото на американската алпинистка што исчезна на Хималаите

331

 

Телото на Нелсон, една од најпознатите американски алпинистки, спасувачите го пронашле на јужната страна на планинскиот врв, висок 8.163 метри, пренесува Радио Слободна Европа.
Нејзиното тело беше пренесено со хеликоптер во базниот камп, а подоцна ќе биде префрлено во Катманду.
Претходните обиди за потрага со хеликоптер беа неуспешни поради лошите временски услови.
Познатата американска алпинистка исчезна на планината Манаслу во Непал, истиот ден кога во лавина настрана непалски планинар.
Нелсон се спушташе од планина на Хималаите по успешно качување со својот партнер Џемс Морисон кога ја доживеа несреќата. Врвот Манаслу е висок 8.163, штпо го чини осми по височина на светот.
Истиот ден во лавина на Манаслу настрада непалски планинар, а повредени се уште десетина лица.