Пронајдено оружје и кокаин во дом на скопјанец

83

Четириесет и едногодишен скопјанец е лишен од слобода, откако полицијата при претрес во неговиот дом пронашла оружје и кокаин, соопшти МВР.

-Секторот за внатрешни работи Скопје до Основното јавно обвинителство – Скопје поднесе кривична пријава против скопјанецот А.С.(41) поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“ и „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“, се наведува во соопштението.

На 11-ти овој месец врз основа на судска наредба, полициски службеници извршиле претрес на дом и други простории кај пријавениот А.С. и притоа биле пронајдени и одземени пиштол „CZ 100“ калибар 9мм, 10 куршуми калибар 9мм, 14 куршуми со калибар 7,62х39mm, кокаин, амфетамини и неколку предмети со остатоци од кокаин. Лицето било лишено од слобода и задржано во полициска станица.