Промоција на монографијата “30 години Поетска ноќ во Велестово“ во Охрид

77

Во Библиотеката “Григор Прличев“ во Охрид, во рамките на годинашниве “Прличеви беседи“, утре ќе биде промовирана монографијата “30 години Поетска ноќ во Велестово“.

Промоцијата ја организира Општина Охрид, а за ќе говори проф. д-р. Димитар Пандев. Монографијата е во издание на Поетска ноќ од Велестово и ПНВ Публикации – Скопје, а ја подготви Славе Ѓорѓо Димоски. Покрај текстуалниот дел богато е илустрирана со фотографии кои хронолошки го претставуваат нејзиниот развој во изминатите три децении.

Во монографијата е опфатен антологиски избор со по една песна од досегашните пртеставени автори, а изборот и пригодниот текст го направи Санде Стојчевски.

Бидејќи манифестацијата има и меѓународен карактер, претставен е избор на досегашните поети-странци кои биле учесници, а доаѓале од: Ирска, Норвешка, Русија, Италија, Албанија, Словенија, Србија, Црна Гора, Бугарија, Естонија, Словачка…