Промоција на „Молчи со отворена уста“ од Снежана Младеновска Анѓелков

91

На 28 ноември, со почеток во 20 часот, во МКЦ клуб ресторанот ќе се одржи промоцијата на романот „Молчи со отворена уста“ од Снежана Младеновска Анѓелков. За книгата ќе зборуваат писателките Елизабета Баковска и Калина Малеска, а настанот со акустичен музички настап ќе го збогати Мухамед Ибрахими.

„’Молчи со отворена уста’ од Снежана Младеновска Анѓелков (Или-Или, 2019) е роман заснован на вистинска приказна, а во него се внесени записи од реални документи и досиеја, биографија, страници од весник, магнетоскопски запис. Но приказната е и наративно обликувана во структура која сите овие записи од реалноста ги става во контекст на семејниот живот, даден преку перспективата на повеќе наративни гласови, а во чии рамки сите членови – изложени на животните предизвици со кои се соочуваат – страдаат и созреваат“, ќе посочи Калина Малеска кон книгата.