Промоција на книгите „Манастир Фуентерабија“ и „Вилино“ во Софија

38

Културно-информативниот центар на Македонија во Софија информира дека денеска со почеток во 18:30 часот ќе бидат промовирани книгите „Манастир Фуентерабија“ од Јагода Михајловска-Георгиева и „Вилино“ од Винка Саздова.

Двете книги се во издание на издавачката куќа „Персеј“ од Софија, а како што најавуваат од КИЦ во Софија, на промоцијата ќе присуствуваат двете авторки.

Книгата „Манастир Фуентерабија“ говори за две осамени, но чисти души, еднакво тажни и длабоко повредени, кои ја бараат утехата на брегот  на океанот и на кои на тој начин им се пресекуваат патиштата. Таа е сираче, а тој напушен од својата мајка и пораснат во дом. Таа останала без својот сакан точно на денот на свадбата, а тој – размонашен монах заради отец, со кого со години делеле една келија.

Романот „Вилино“ е роман за повикот на слободата и стравот од неа, за доброволното ропство во „безбедните“ брачни води. Видан – Огнена – Тони: семеен триаголник од двајца отуѓени сопрузи и нивниот син. Приказна за тоа како блиските луѓе влегуваат во маѓепсан круг да се повредуваат еден со друг.