Промоција на книгата „Светлината на убавината и уметноста”

27

„Светлината на убавината и уметноста” е насловот на книгата од Мимоза Рајл која ќе биде промовирана на 11 јуни со почеток од 19 часот, во паркот пред Културно-информативниот центар.

Книгата ќе ја промовираат Јордан Плевнеш, Атанас Вангелов, Гоце Ристовски и Вангел Божиновски. Промоцијата ќе се збогати со музичко-оперски настап на Ева Живковска, со драмскиот перформанс „Каде е љубовта” во изведба на Васил Зафирчев и Димитрина Мицковска, на драматизација на Огне Неделковски, како и музички рецитал на пијано со Дарко Мариновски и Јасна Аврамовска и музичка изведба на Огнен Здравковски и Александар Здравков.

„Книгата има за цел, низ грандиозните уметнички дела, најзначајните естетички правци и идеи, да даде еден духовен вглед во најважните трансисториски прашања кои го мачат човекот, да отиде до најтемната ноќ на човечката душа и таму да ја осветли преку убавината и уметноста, светлина која се наоѓа во нашето највнатрешно јадро и чека да биде запалена како најголемиот украс на универзумот“, се посочува кон книгата.