Промоција на книгата „Ерусалими“ во Музејот на македонската борба

46

На 4 декември, со почеток во 12 часот, во Музејот на македонската борба за самостојност, ќе биде промовирана книгата „Ерусалими – поклонички икони на платно во Македонија од 1794 до 1904 година“ од авторката д-р Снешка Лакалиска.

Книгата е во издание на Каламус од Скопје, а промотор ќе биде историчарот на уметност, м-р Јехона Спахиу Јанчевска.