Промоција на „Драми“ од Маја Стевановиќ во КИЦ

27

Во паркот пред Културно-информативниот центар во Скопје на 13 октомври, со почетокот од 12 часот ќе се одржи промоција на книгата „Драми“ од Маја Стевановиќ. Во книгата на Маја Стевановиќ, која е во издание на книгоиздателство Ми-Ан, станува збор за драмски дела кои иако навидум тематски различни, се поврзани со секојдневноста и денешницата во кои се огледаат етичките, културните, моралните, па и општествено-политичките дилеми на нашето живеење.

Книгата ќе ја промовираат Лорета Георгиевска Јаковлева и Мишел Павловски, а ќе учествуваат студенти на ФДУ.

Стевановиќ, родена во 1969 во Скопје, дипломирала драматургија на ФДУ. Од 2003 работи како асистент на ФДУ, на предметите Драматургија и Филмско и ТВ сценарио, од 2016 е редовен професор по Драматургија, а од 2019 година е и раководител на катедрата по Театарска и филмска драматургија. Од 1992 до 2003 работела како драматург, уредник на емисии и уредник на Редакцијата за играна програма на МТВ. Драматург е на бројни играни телевизиски филмови и серии. Автор е на сценарија и драматург на многубројни претстави.