Промоција на „Аптека“ – збирка поезија од Ивана Харикли

32

Збирката поезија „Аптека“ од Ивана Харикли вечерва ќе биде промовирана во МКЦ.

На промотивниот настан, покрај поезија и музика, гостите првпат ќе имаат прилика да бидат дел од #mojmuzej.

Мој музеј е трансмедијална приказна, која почна од потребата за свесно реобмислување и вкоренување на сопствениот глас како жена од Балкан. Со таа цел, пред речиси три години почнав фокусирано да отпакувам интернализирани вредности, инертни состојби и стереотипни наративи, кои ги доживував околу и низ себе, истакна Харикли.

Настанот е организиран согласно протоколите за организирање настани во затворен простор,  бројот на посетители е намален, а носењето маска е задолжително за време на целиот настан.

Извор:МИА