Промоција: „Во сенката на злосторот“ на Хелена Хеншен

243

Во книжарницата „Антолог“ на 12 септември, со почеток во 19 часот ќе биде промовиран романот „Во сенката на злосторот“ од шведската авторка Хелена Хеншен.

Специјална гостинка на настанот ќе биде ќерката на авторката – Кристина Хеншен, која учествувала во истражувањата што ги правела нејзината мајка при пишувањето на романот.

„Во книгата е претставен крвав настан кој се случил 1932 во Шведска, кој не престанал да го привлекува вниманието на јавноста до денес. Толкав интерес предизвикале само уште убиствата на шведскиот премиер Улоф Палме и на министерката Ана Линд… Во Стокхолм студентот Фредрик фон Сидов ги убил својот татко Јалмар, окружен судија и нивните две слугинки. Заедно со сопругата Софи избегал во хотел, каде, откако ги пронашла полицијата, со пиштол ја застрелал сопругата, а потоа и себеси. Зошто го направил тоа? Убиецот бил вујко на авторката Хелена Хеншен, која имала 15 години кога се случиле бруталните и никогаш докрај разјаснети убиства. Хеншен со ова дело го прекинала молкот, а како резултат на тоа пред читателите е еден силен и импресивен роман“, стои во најавата кон романот кој е добитник на Наградата за литература на Европската Унија во 2009 година.