Промотивна групна изложба во „Ателје Бојар“

56

„Ателје Бојар“ организира промотивна групна изложба во новиот деловен простор на улица Македонија (влезот меѓу Амигос и Рома) која ќе биде отворена на 20 јуни (четврток), во 19 и 30 часот,  а која истовремено ќе биде и продажна.

Промотивната групна изложба ќе биде во постојана поставка на ателјето.

На изложбата ќе бидат преставени дела на дваесетина современи уметници: Петар Хаџи Бошков, Симон Шемов, Павле Кузмановски, Марија Светиева, Тања Балаќ, Ангел Димовски Чауш, Ибрахим Беди, Станко Павлески, Ана Спасова, Вујка Радивојевиќ, Ана Цветкоска-Панова, Фехим Хусковиќ, Ладислав Цветковски, Жаклина Глигориевска Кочоска, Берхарт Холман (Австрија), Анастас Константину –Тасо (Албанија), Решат Амети, Драган Варговски – Алпи, Љупчо Бојаров.

Авторите со своите дела ќе се престават во повеќе ликовни тенхики.

„Ателје Бојар“ покрај галериската активност ќе организира и ќе одржува групни и самостојни изложби, предавња, промоции, часови за цртање и сликање за деца и за Пром возрасни, подготвителни часови за полагање приемни испити за средно уметничко, факултет за Ликовни уметности и Архитектонски факултет, ликовни работилници: иконопис, мозаик, теракота, графика дрворез и фузирано стакло, работилници за ученици, конзервација и реставрација на уметнички дела и арт- туризам.