„ПРОМОТИВЕН ДЕПОЗИТ ПРОГРЕС“-растечки и гарантирани каматни стапки за депозити во евра на 24 месеци

40

Традиционално во октомври, месецот на штедење, Шпаркасе банка АД Скопје подготви атрактивна понуда за своите клиенти што сакаат да штедат во евра.

Имено, сè до 30 ноември 2021 г., клиентите што ќе ја одберат опцијата Депозит прогрес, добиваат одлични поволни услови за штедење во евра со растечки каматни стапки и можност за дополнителни вложувања.

Овој промотивен производ нуди фиксни каматни стапки, кои прогресивно растат по периоди, така што клиентите што ќе се одлучат за девизен Депозит прогрес на 24 месеци, добиваат растечка каматна стапка и до 1,30% во последниот период од орочувањето.

Каматните стапки, по периоди, изнесуваат како што следува:

I – период (од 1-ви до 6-ти месец) – 0,50%

II – период (од 7-ми до 12-ти месец) – 0,80%

III – период (од 13-ти до 18-ти месец) – 1,10%

IV – период (од 19-ти до 24-ти месец) – 1,30%

Минималниот износ на влог изнесува 250 евра, а клиентот добива можност и за дополнителни вложувања до максимални 100.000 евра во денарска противвредност. Минималниот износ на дополнителните уплати изнесува 50 евра.

Со промотивниот Депозит прогрес, колку подолго штедите, толку повеќе се зголемува каматната стапка, односно таа расте паралелно со периодот на орочување.

Повеќе информации за производот може да се најдат на веб-страницата на Банката https://bit.ly/3aYq2if или преку повик во Контакт центарот на телефонскиот број  02 15 050