Промовиран прирачникот „Омилените рецепти од мојата градинка“

63

Во градинката „13 Ноември” денеска е промовиран прирачникот за родители и деца со наслов „Омилените рецепти од мојата градинка“.

Како што информираат од Општина Центар, промоцијата на мини-готвачот е дел од активностите на градинката што се реализираат по повод одбележувањето на 70-годишниот јубилеј.

-За време на настанот имав можност да ги погледнам и проектите на средношколците од СУГС „Јосип Броз Тито“ од програмата за Меѓународна матура, кои што изработија анимирани видеа, адаптирани за децата од предучилишното образование, преведени и синхронизирани на македонски јазик. Видеата ќе бидат објавени на официјалниот #YouTube канал на градинката, а се подарок од средношколците за децата по повод роденденот на градинката-истакна Саша Богдановиќ, градоначалник на Општина Центар, потенцирајќи дека ја поздравува оваа оригинална идеја и на сите учесници во проектот им честита за вложениот труд и им посака и понатаму да креираат едукативни содржини и настани за развивање и поттикнување на детската креативност.