Промовиран паркот „Украина“во Чаир

53

Општина Чаир денеска и фоцијално го промовираше  „Паркот Украина“ лоциран во близина на општинската зграда.

-Со промоцијата на Паркот Украина ја пренесовме пораката дека секогаш ќе бидеме со Украина и со украинскиот народ, исто како и нашите пријатели – Европската Унија и Соединетите Американски Држави“- изјави градоначалникот на општина Чаир, Висар Ганиу на промоцијата.

Тој потсети дека војната не е решение за ниту еден проблем, а уште помалку убивањето на невини цивили, бидејќи со војна не можеме да го промениме светот на подобро, но со мир ДА.

-Нашата нобелистка  Мајка Тереза, која толку многу го сакаше мирот и само мирот, ќе речеше: „Не сите од нас можеме да правиме големи работи. Но, можеме да правиме мали работи со голема љубов. И денес ние правиме едно такво нешто. Сакаме да ја пренесеме пораката дека сите сме со Украина и со украинскиот народ и со нив сме од почетокот на војната и против агресијата врз нив“ – истакна Ганиу.

​Аамбасадорката на Украина Лариса Дир рече дека овој предлог на градоначалникот на општина Чаир, г. Висар Ганиу, беше одлична вест.

-Оваа инспиративна вест беше многу контрастна во споредба со вестите што секојдневно ги добиваме од самата Украина. Денеска имаме одлична можност да добиеме од општина Чаир  и Град Скопје морална и духовна поддршка, која е бесценета“ – потенцираше амбасадорката.

Таа посака паркот „Украина“ во општина Чаир да биде светол, расцутен, пријатен, исполнет со детска радосна смеа, детска забава.