Промовирани 5 возила за собирање и транспорт на комунален отпад

31

ЈП „Комунална хигиена„ ги промовираше новонабавените пет специјални комунални возила – камиони за собирање и транспорт на комунален отпад. Возилата се од марката „Ивеко“ и ќе се употребуваат за собирање и транспорт на комуналниот отпад од контејнерите наменети за колективните домаќинства, како и од кантите поделени во индивидуалните домаќинства на територијата на градот Скопје.

– Новите пет специјални комунални возила-камиони се дел од големата набавка што ЈП „Комунална хигиена“ ја започна на почетокот на оваа година, а во чии рамки досега беа пуштени во употреба и десет машини наменети за метење на јавните и сообраќајните површини – истакна директорот Абдусамед Шабани.

До крајот на годинава ќе бидат набавени уште 32 нови специјални комунални возила – автоцистерни, камиони, самоподигнувачи и кипери, со што во голема мера ќе се заокружи обновувањето на возниот парк на претпријатието.

– Ова се пет од 37-те возила кои допрва треба да пристигнат во нашиот град, за кои ЈП „Комунална хигиена“ спроведе постапка за јавна набавка, а договорот е склучен кон крајот на минатата година. Сите овие возила ќе бидат испорачани до крајот на месецот, а вкупната вредност изнесува околу 200 милиони денари со вклучен ДДВ – рече градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов.

Тој рече дека Град Скопје ќе мора да го зголеми инспекцискиот надзор и казнената политика.

– Сакам да ги повикам скопјани да го чувствуваат нашиот град како заеднички дом, зашто нема човек што не сака да живее во поуреден и почист град – додаде Шилегов.