Променливо и дождливо време викендов, на планините снег

23

Претпладне ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег. Во текот на денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен, а вдолж Повардарието претпладне засилен северозападен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 4, а максималната ќе достигне од 7до 14 степени.

Во Скопје, во раните утрински часови ќе има слаби врнежи од дожд, а потоа облачноста ќе се намали и ќе преовладува сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 10 степени.

Под влијание на нов влажен бран, во недела попладне и во текот на ноќта кон понеделник ќе има нови врнежи од дожд, а само на планините од снег. Врнежите ќе бидат пообилни во западните делови, каде локално се очекува да наврнат над 20 л/м2 . Променливо облачно со локални врнежи од дожд ќе се задржи до вторник, а од среда се очекува стабилизирање на времето со пораст на дневните температури.