Проекција на филмот „Човекот кој падна на Земјата“ со Дејвид Боуви

61

Британскиот СФ-филм од 1976 година „Човекот кој падна на Земјата“ (The Man Who Fell to Earth), со Дејвид Боуви во главната улога, ќе биде прикажан во галеријата „Абсинт“ на 15 август (четврток) во 20:30 часот во рамките на „Филмска вечер“.

Филмот на Николас Роег е базиран врз истоимената новела на Валтер Тевис, а Боуви во филмот го толкува ликот на Томас Џером Њутон, вонземјанин на мисија да пронајде вода со цел да ја спаси својата планета.

Овој филм кај публиката се стекна со култен статус, а критиката го нарече „филм со импозантни слики, филм кој е мирен, медитативен и кој длабоко ги истражува вредностите и желбите на нашата култура“.