Проект “Читајќи го Балканот“: Разговор со хрватскиот писател Гламузина

53

Во Кино Култура, утревечер, (29 јуни) со почеток од 20 часот, ќе се одржи книжевен разговор со хрватскиот писател Драго Гламузина. Разговорот ќе го води Владимир Јанковски.

Хрватскиот писател во текот на јуни беше гостин на резиденцијалната програма за писатели и преведувачи на издавачката куќа “Готен“, која е дел од проектот “Читајќи го Балканот“.

Гламузина моментално е главен уредник во издавачката куќа “Ве-бе-зе“ од Загреб. Пишува поезија и проза, а на македонски јазик му се преведени 4 книги: збирките поезија “Месари“,”Тоа ли е се“, “Еверест“, како и романот “Три“. За збирката “Месари“ ја има добиено наградата “Владимир Назор“ и “Квирин“, а за романот “Три“ ја има добиено наградата на “Т-портал“ за најдобар хрватски роман во 2008 година.