Продолжува потрагата по момчињата кои исчезнаа на Дунав во Апатин – на брегот пронајдена нивната облека

302
Фото: FACEBOOK

Две малолетни момчиња исчезнаа во понеделникот на 29 мај во близина на брегот на Дунав во Апатин. Според неофицијални информации, нивните велосипеди биле пронајдени на брегот.

Потрагата по малолетните момчиња е во тек, која е отежната поради повисокиот водостој на реката и слабата видливост. Од семејството кое е на местото каде се пребарува реката, велат дека нивните членовите биле тука цела ноќ, но тој момент на лице место немало ниту нуркачи, ниту полиција.

Момчиња од 9 и 10 години последен пат биле видени во близина на Кајакарскиот клуб околу 14 часот и оттогаш се водат како исчезнати. Покрај велосипеди, на брегот биле пронајдени и чевлите на деца.

Семејствата објавија фотографии од момчињата и контакт број доколку некој ги забележи.