Продолжува изградбата на новиот парк на 5.000 квадратни метри во Ченто

26

Продолжува изградбата на новиот парк на 5000 метри квадратни во Ченто.

Овој парк се гради со меѓуопштинска соработка помеѓу општина Гази Баба, Град Скопје и ЈП Паркови и Зеленило и се наоѓа во непосредна близина на ООУ “Крсте Мисирков” во Ченто.

Екипите на ЈП „Паркови и зеленило“ претходно целосно го расчистија просторот, поставија нов систем за полевање, а во наредниот период ќе се формира и тревна површина. Новиот парк ќе биде збогатен и со два нови видиковци изработени од дрво.

– Екипите на ЈП „Улици и патишта“ во моментов на терен ги изведуваат пешачките и пристапните патеки во паркот. Новиот парк ќе има една главна пешачка патека во должина од 100 метри и широчина од 2,70 метри, или со вкупна површина од 350 квадратни метри. Дополнително, во новиот парк ќе се изградат и две помали пристапни патеки, кои ќе водат до новите видиковци, кои ќе бидат во должина од по 20 метри и со широчина од 1,50 метри. Покрај патеките на повеќе локации се планира и поставување на клупи и друг вид на урбана опрема – информираат од општина Гази Баба.