Продолжи дезинфекцијата на градските населби

60

Општина Битола продолжи со дезинфекција на градските населби.

Во текот на денов екипите на битолските јавни претпријатија „Комуналец“, „Водовод“, „Нискоградба“ и „Пазари“, извршија дезинфекција во станбените објекти и паркинзи, пешачките патеки и коловозите на улиците „Партизанска“, „Питу Гули“, „Север-југ“, „Мирка Гинова“, „Борис Буџевски“ и населбата „Областа“.

ЈП „Пазари“ тековно ги одржува и дезинфицира на двата пазари во градот.

Извор: МИА