Дресот на Мајкл Џордан од Олимписките игри во Барселона 1992 година е продаден за дури 216.000 долари.

Овој дрес беше на аукција изминатите две недели, а неговата почетна цена изнесуваше 25.000 долари, која на крајот достигна речиси десет пати повеќе.

  • Мајкл Џордан е најголемата спортска икона на сите времиња. Колекционерите ја искористија ретката можност да го поседуваат неговиот дрес играјќи за најдобриот кошаркарски тим што некогаш бил собран, исткна Брајан Двајер, претседател на аукциската компанија „Роберт Едвард“, која со години продава скапи спортски предмети.