Продавачка во трафика кај Железничката станица во Белград го видела исчезнатиот Матеј Периш?

5342

Младиот сплиќанец Матеј Периш (27) исчезна во ноќта меѓу 30 и 31 декември во Белград и полицијата веќе 26 дена трага по него. Истрагата освен во Белград е проширешна уште во три градови – Пожаревац, Смедерево и Панчево, а вклучен е и Интерпол.

Многу граѓани се вклучуваат во истрагата со информции за исчезнатиот Периш. Послено во белградската полиција се јавила вработена во трафика кај Железничката станица која тврдела дека го видела исчезнатото момче.

„Ништо не препуштаме на случајноста. Последната дојава беше од продавачка во трафика кај Железничката станица. Таа се јавила на системот „192“ и рекла дека го видела исчезнатото момче. Направивме проверка и утврдивме дека не станува збор за Периш“ – информира извор од полицијата за српски Телеграф.

Таткото на исчезнатиот Матеј Периш за српските медиуми потврдил дека останува и понатаму во Белград. Иако е свесен дека веќе поминало долго време, тој како родител и понатаму верува дека има надеж да го најде својот син жив.

„Немам нови официјални информации од истрагата. Знам дека полицијата го вештачи сигналот од мобилниот телефон, дека го активирале пред некој ден и така се појавил во мрежата. Убеден сум дека даваат се од себе да го решат овој случај. Мене ме интересира вистината што се случило таа ноќ, а не медиумските шпекулации. Ги замолувам сите луѓе што имаат било каква информација да и кажат на полицијата. Подготвен сум за било какво сценарио само да знам што се случило со мојот син“ – вели Периш за Telegrav.rs.

Тој е убеден во искреноста на пријателите на неговиот син кои биле заедно со него во кобната ноќ и во изјавата на неговата другарка Маја дека помогнале колку што можеле во текот на истрагата.

„Гарантирам дека мојот син не би земл наркотици. Информацијата дека таа вечер пиеле и дека биле весели е точна. Слушнав дека конзумирале вино, пиво и виски. Неговите другари ми кажаа дека Матеј го нарачал последното шише виски кое го платил и потоа исчезнал и дека тие мислеле дека излегол за да разговара со некого на телефон“ – раскажува таткото.

Но, тој истакнува дека него го загрижува тоа што Матеј излегол надвор по маичка на кратки ракави, без јакна и дека се уште не ја решил енигмата- Каде тргнал неговиот син?!

Матеј Периш пред 26 дена ги оставил своите пријатели во белградскиот локал „Готик“. Камерите го снимиле како трча низ околните улици, но и како доаѓа до реката Сава. Не е познато дали паднал во реката или се случило нешто друго.