Провоцира и со 64 години: Мадона за роденден експлицитно бакна две жени/ВИДЕО

288

Мадона во вторникот го прослави својот роденден и покажа дека и натаму планира да провоцира, иако наполни 64 години.

Кралицата на поп-музиката објави видео во кое се вози во лимузина придружувана од две пријателки, со кои сподели страствен француски бакнеж, прикажан експлицитно.

Пејачката ги покрила трошоците на поканетите пријатели на роденденската забава, сите заедно уживале во раскошна вечера во сицилијанската палата Палацо Кастелучио, а потоа на концерт под отворено небо.

За својот посебен ден, Мадона носеше креација на Долче и Габана.