Руската амбасада во Скопје на својот профил на Фејсбук објави дека министерот за надворешни работи Сергеј Лавров добил порака дека неговото место на Самитот на ОБСе во Скопје „е резервирано за НАТО“.
Реакцијата ја пренесе официјалната претставничка на Министерството за надворешни работи на Русиjа Мариjа Захарова.
„На масите во салата за состаноци на Советот на министри за надворешни работи на ОБСЕ има јасна манифестација на она за што зборуваше Сергеј Лавров во својот говор: под притисок на САД, логиката на ОБСЕ се заменува со агресивната идеологија на НАТО“, гласи реакцијата на Захарова.