Челниците на италијанскиот калчолигаш Фиорентина и понатаму се обидуваат да ги осигураат услугите на искусниот шпански голман, Давид де Хеа, кој откако стави крај на соработката со англискиот премиерлигаш Манчестер Јунајтед, има статус на слободен играч. Италијанските медиумуи откија дека главен проблем за реализација на трансферот е платата на Де Хеа кој во Јунајтед неделно заработуваше 375.000 фунти.