Пробиена нова улица во Тафталиџе 1

249

Општина Карпош проби нова улица „Новопланирана 3“ во Тафталиџе 1, меѓу улицата „Прашка“ и булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“.

– За нејзина целосна реализација беше извршено асфалтирање на коловозот во должина од 142 метри и девет метри широчина. Долж улицата се поставиле и два тротоари за безбедно движење на пешаците. Оваа нова улица, во голема мера ќе го растовари сообраќајот во делот од Карпош каде што непланската урбанизација придонесе за создавање на голем сообраќаен метеж – наведуваат од општина Карпош.