Пријавете проблем преку општинскиот веб сајт krusevo.gov.mk 

29

За дополнително подобрување на услугите кон граѓаните општина Крушево отвори специјално поле на општинскиот веб сајт krusevo.gov.mk под наслов „Пријави проблем“ преку кое секој граѓанин ќе може во писмена форма и анонимно да пријавува проблеми од повеќе области.

Полето се наоѓа веднаш под Календарот на настани на интернет страница и со самиот клик автоматски се пренасочувате кон посебна форма преку која се опишува и испраќа проблемот.

Проблемите можат да бидат од областа на работата на локалната самоуправа и сите институции под локална надлежност и се’ она што е во интерес на општината и граѓаните.