Пријавете  бездомни кучиња на prijavi@lajka.com.mk

96

Јавното претпријатие „Лајка“ ги информира граѓаните дека поради технички проблеми маил адресата info@lajka.com.mk е вон функција.

Граѓаните кои сакаат да пријават повредено куче, напад од куче, бездомно куче без ушна маркица и слично истите треба да ги пријават на следниов маил: prijavi@lajka.com.mk.

Како што информираат од претпријатието, екипа на „Лајка“ ќе излезе на терен по пријава доколку истата е целосно пополнета.

-Пријавите кои се без фотографии, точна локација и општина, како и без име и презиме на пријавителот, ќе се смета за непотполна и по истата нема да се постапи- потенцираат од „Лајка“.

Доколу сакате да пријавите каснување од куче, тоа можете да го сторите на мејлот prijavi@ajka.com.mk, каде треба да се приложи медицинска документација, како извештај со потпис и печат од специјалист не подоцна од 24 часа од каснувањето.