Рускиот претседател, Владимир Путин, денеска посети изложба посветена на руските достигнувања во областа на вооружувањето.
Централен дел од посетата бил моментот кога му била прикажана симулација на копче за нуклеарно оружје, кое тој одбил да го притисне. Овој гест го привлече вниманието на јавноста и поттикна дебата за ставовите на Путин за употребата на нуклеарно оружје.
Од почетокот на војната во Украина, Владимир Путин често ја нагласува големината и моќта на рускиот нуклеарен арсенал. Тој често истакнуваше дека кој ќе се осмели да ја нападне Русија ќе биде избришан од лицето на земјата.
– Невозможно е да се победи Русија – често вели Путин.
‼️🇷🇺 President #Putin visited the exhibition “#Russia” for the first time at VDNH. pic.twitter.com/WecQgieCxj
— Maimunka News (@MaimunkaNews) December 4, 2023