Принцот Филип одлучи на 97 години да престане да вози

20

Британскиот принц Филип, сопругот на кралицата Елизабета Втора, на свои 97 години одучи да престане да вози, соопшти Бакингемската палата, по помалку од еден месец откако учествуваше во судар во кој две жени беа полесно повредени. По повод неговата одлука се огласи и една од повредените, која рекла дека сега патиштата ќе бидат побезбедни.

„Принцот Филип доброволно ја предал возачката дозвола по внимателно размислување“, соопшти Бакингамската палата.

Ема Ферведер, на која ú беше скршен глужд во несреќата, изјави дека улиците сега ќе бидат побезбедни.

„Тоа е вистинска одлука“, кажала таа за „Сандеј мирор“.

Филип лично го возеше својот „ленд ровер“ на 17 јануари кога удри во друг автомобил, во кој имало и деветмесечно бебе и обвинителите сè уште немаат решено дали ќе покренат тужба против него. Филип се извини за несреќата, но само два дена подоцна, беше снимен како повторно вози и тоа без врзан појас.