„Приказ“ е наслов на 150-минутен аматерски филм, кој според жанрот е психолошки трилер, снимен од студентот Николај Павловски во услови на пандемија и со поддршка од Општина Кумановово.

Павловски студира во Русија и има многу успешни проекти зад себе. Тој филмот го сними во партнерство со Марко Јовановски на повеќе локации низ Куманово, Крива Паланка, Охрид и Струга и во околините на овие градови.

Филмската екипа е составена од 20 актери и уште 20 лица во продукција.