Пригожин одговори на тврдењата на Блумберг дека ќе се пензионира: Немам намера да се повлечам!

49

Членовите на групата „Вагнер“ немаат намера да се повлечат од Украина, изјави основачот на платеничката група Евгениј Пригожин.

Така тој одговори на тврдењата на Блумберг, кој повикувајќи се на неименуван извор, објави дека Пригожин планира да се пензионира и да ги насочи операциите на групата во Африка.

„Не знам за што известува Блумберг. Очигледно, тие подобро од мене знаат што ќе правиме понатаму. Се додека им требаме на нашите луѓе, ќе се бориме на територијата на Украина“, рече Пригожин во соопштението објавено на неговиот канал Телеграм, како што пренесува Раша тудеј.

Блумберг објави дека поради недостаток на муниција и работна сила, Пригожин бил принуден да го врати фокусот на активностите на групата Вагнер во Африка. Блумберг наведе и дека оваа руска група платеници сѐ уште не може да го заземе градот Бахмут, каде што се водат најжестоките битки веќе седум месеци.