Привршува уредувањето на пешачките патеки покрај улицата „Коста Новаковиќ“

249

Општина Аеродром информира дека деновиве ја привршува реконструкцијата на веќе постојните, како и изградбата на новите пешачки патеки во непосредна близина на улицата „Коста Новаковиќ“ во Стар Аеродром.

-Станува збор за патеки што се наоѓаат меѓу зградите на улица „Коста Новаковиќ, со површина од 3.500 квадратни метри, со павер-елементи во боја и со нови рабници, велат од Општината.

Оттаму додаваат дека и во наредниот период ќе продолжат со реконструкција и изградба на целосно нови пешачки патеки на целата нивна територија.