Привршуваат подготовките на седмото издание на „Охрид трчаТ“

35

Во завршна фаза се подготовките за седмото издание на спортската манифестација, атлетскиот викенд „Охрид трчаТ 2023“, што ќе се одржи од 2 до 4 јуни во Охрид.

– Годинава на „Охрид трчаТ“ ќе учествуваат рекорден број натпреварувачи во трките на 5 и 21 километар во индивидуална конкуренција и штафета. За нив ќе се погрижат стотици волонтери од разни профили, помагатели и спортски професионалци, кои интензивно работат организацијата на настанот и овој пат да биде на највисоко ниво, што е препознатлив белег на „Охрид трчаТ“, соопшти прес-служба на „Охрид трчаТ“.

Во рамки на манифестацијата в петок ќе биде отворено Експо, а, според информацијата, попладнето предвидено е загревање со „Стречвел Србија“, како увертира во ноќната трка на два километри, која стартува во 20 часот, по што следи забава.

В сабота ќе се одржи панел дискусија на која учество ќе земат претставници на етаблирани маратони од регионот и Европа. Главниот настан е во недела кога ќе се одржат предвидените трки во натпреварувачка конкуренција. Почетокот е закажан во 8 часот.