Приведен штипјанец поради сомнение за кражба

10

Полициски службеници од Полициската станица Штип , вчера во 10:15 часот во Штип, го лишиле од слобода Д.М.(33) од Штип поради основано сомнение дека е сторител на кривично дело кражба.

Како што информираат од МВР по целосно документирање на случајот, против лицето ќе биде поднесен соодветен поднесок.